We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

Ш​и​р​ш​а​ј​а​/​Shirshaja

by Shirshaja

/
  • Streaming + Download

    Includes high-quality download in MP3, FLAC and more. Paying supporters also get unlimited streaming via the free Bandcamp app.
    Purchasable with gift card

      name your price

     

1.
Со раце раширени покажуваш кон небото со очи отворени гледаш од истокот од таму се извира на другата страна умира,воскреснува и повторно раѓа на престол те ставија да го победиш злото ни коланот ни ликот фрлени на брегот не помогнаа таа кобна ноќ да се спасиме од пеколот Ти беше избрана од иљада и една светлосни години за нас Ти беше сведок на новиот почеток и на кобниот крај Со раце раширени покажуваш кон небото со очи отворени гледаш од истокот од таму се извира на другата страна умира,воскреснува и повторно раѓа на престол те ставија да го победиш злото ни коланот ни ликот фрлени на брегот не помогнаа таа кобна ноќ да се спасиме од пеколот Ти беше избрана од иљада и една светлосни години за нас ти беше сведок на новиот почеток и на кобниот крај На престол те ставија да го победиш злото ни коланот ни ликот фрлени на брегот не помогнаа таа кобна ноќ да се спасиме од пеколот Ти беше избрана од иљада и една светлосни години за нас ти беше сведок на новиот почеток и на кобниот крај Ти беше избрана од иљада и една светлосни години за нас ти беше сведок на новиот почеток и на кобниот крај
2.
Каење/Kaenje (free) 04:01
Темна соба,бели ѕидови очи без сјај и лица изгубени утрински ѕвона и блага светлина денот со чаршави ноќта ја покрива Тој што ќе не предаде е осуден на каење Еден ќе го исполни ветеното вечерва замавна со ножот кон неговиот врат доаѓаат по нас во цветните градини го покажа со бакнеж за триесет златници Тој што ќе не предаде е осуден на каење Тој што не поведе на крст е осуден
3.
Исток зарудува во пепелта ѕвонот се повеќе стежнува еден дел во нас од ѕверски пранги се откинува излегувам и глув станувам за се она што ме опкружува беснее глутница од лути ножеви нека си мочуриште на сите јадови гласот ти беше гробница од слобода твојата немоќ ја криеш под црната земја од мракобесјето кое в нови пранги те окова како цврста карпа на денот зол в гради ти биеше ехото како остар меч под челичен ков ништо не видов пред болскотот на знамето
4.
Тавор/Tavor (free) 03:49
Сонцето што светеше повеќе не изгрева месечината на полноќ во срп се претвора ветерот што виеше глас не испушта водата што течеше низ дланки ми истекува шумата на младоста одамна е изгорена корењата во земјата сведочат за староста и небото полека како да избледува а позади портите е патот до вечноста Блескоти калај врз тивок ѓол пред портите железни не осеќам бол оган раскрвавел во пламен ал' до небо јазици разлеал горат царства небески од саѓи се ведат очи пламени се мрести искра јалова бликнува таворска светлина
5.
Идеал/Ideal (free) 05:21
Длабочина в мрак сништа и лудости Во мене ѕверот скротен е ко жртвено јагне Силите тлеат пресното небо воздивнува во мракот тоне мојот идеал Се знам и се проштевам јас се откорнав од земјата под листови моето високо небо е црвен врв сред далечни еха на бунтовен дух Го теснев сводот со рака се исуши во мене модриот крин од сјајот на бесната луна паднав од кипот на слободата Под сводот се осветли сето небо ко плач в гора да слушам пак За која ли личота така копнеам фрлен в мрачни ширини од својот идеал Возбудата го раскрсти срцето мое и слободата маглеста в очи ја пиев Од страв за личниот суд ко жедна срна над празен вир Дали гордоста е дело на зрелост што црвенее в пештерски мрак и тие подземни струи од води и таа жешка пот од сплотен крик Не поминувај не тревожи мала е сказната до болта сред лажни идеали пред напукнат ѕид
6.
Вистина/Vistina (free) 03:25
На дволично лице од усните лага сребро во оган од чиста земја вечен устрем кон ѕвезда водилка нескротлива река, жед нестивната Се редат чувства се понемирни разбунети в ноќни синевини разбранети сред лути тајни сред песји отровни заби вистино немилосна слези еднаш долу и замолкни ги
7.
Милост/Milost (free) 03:44
Се будиш во свет за кој сонуваш го градиш од темел и низ него патуваш живееш во свет од бои и мириси исполнет со лаги и сурови вистини подигаш градови со траги од светлина создаваш идоли на траги од сенката патувајќи среќаваш души изгубени светот твој во пепел се претвори И низ камен отвараш пат место милост бараш жртва од подземна ѕвезда молиш за светлина ова е почеток на твојот крај Чисто срце во мене соѕидај со исоп пороси ме од крв исчисти ги усните мои скрвени
8.
Ја исфрлив својата нечесност во телото на светот заборавајки ја неговата наивност во канџите на своето его во утробата на светот беше мрачно глуво доба и тешко бреме владее раскол во облик на шизма далеку пред своето време Пред нас стојат со огнен жиг не фрлаат во бездна како бесни пци со отворени очи гледаат во нас тие бараат слава ние молиме за спас Ја исфрлив својата нечесност во телото на светот одев под темните стакла газев на жешкиот бетон се кршат темните стакла распука жешкиот бетон повторно паднав наивно во канџите на своето его
9.
Полноќна мртва тишина од далеку доаѓа немоќен глас остар звук во глава ми проаѓа буди сетила кои тежнеат Тој глас Тој глас Тој глас Доаѓа,ранува,убива,заминува Будната глава звукот го осеќа го моли да престане да продолжи да сонува Доаѓа во сонот без милост и страв додава бол и без траги заминува Тој глас Тој глас Тој глас Доаѓа,ранува,убива,заминува

credits

released November 2, 2021

Vocals - Vlatko Mitrevski
Backing vocals - Kalina Velkovska, Elena Stavreska, Adi Imeri
Guitar - Vlatko Mitrevski
Drums - Blagojche Penov
Bass guitar - Andrej Kolarovski
Keyboards - Darko Dimoski
Theremin - Iva Damjanovski
Composer: Vlatko Mitrevski
Lyrics: Vlatko Mitrevski
Arrangement: Shirshaja
Recorded & produced by Nino Spirkoski
Album cover design - Lasko Djurovski

license

all rights reserved

tags

about

Shirshaja Skopje, North Macedonia

A band from Skopje, Macedonia which simultaneously explores ancient and modern themes through a distorted lens and a distorted guitar

contact / help

Contact Shirshaja

Streaming and
Download help

Report this album or account

If you like Shirshaja, you may also like: